Seminarski i Diplomski Rad

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Transfer na tehnolgija (makedonski)". Rad ima 20 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 

ВОВЕД

Во сегашната етапа на развојот на светската економија, технолошкиот развој е од примарно значење за просперитетот на националните економии, оттаму темата која е предмет на овој труд е многу значајна за секоја национална економија за секоја земја на глобално ниво.

Една од главните карактеристики на светската економија во последните три декади е зголемениот обим на странски вложувања . Капиталот се движеше во различни форми: преку директни странски инвестиции и класични позајмици од меѓународните финансиски фондови. Пресврт во светското инвестирање преставува воведувањето на новите технологии, а со тоа корпорациите и државите ја користат технологијата како инструмент на глобална конкуренција.

Директните странски вложувања (ДСИ) преставуваат главен облик на пласман на приватниот капитал на развиените земји во неразвиените земји. ТНК преставуваат главни носители на глобализација во светската економија.

Целта на оваа семинарска работа цели приближно да се согледаат актуелните тенденци и состојбите во светската економија како и меѓународните текови на капитал, влијанието на трансферот на технологијата во рамките на глобализацијата, која од 2000 до 2010 доживува најголема рецесија. Ваквите податоци статистички говорат од IMF, UNCТАD . Имајќи предвид исполнувањето на Милениумските меѓународни развојни цели, Светската економија, по втората светска војна, е длабоко заглавенa во најтешкaта форма на финансиска и економска криза, Со своето зголеменo влијание, како во обем така и длабочина во светот, кризата претставува сериозна закана за светскиот економски и социјален развој.

.

Историски развој на странски вложувања

Почетоците на директните странски вложувања започнуваат во 16 век во Европа, каде што се формираат трговски друштва кои се прошируваат во цела Европа, а нивните филијали/преставништва се отвараат во трговските центри. Кога станува збор Трговските друштва големо влијание имаше индустриската револуција а со цел зголемување на производствените капацитети, се формираат нови организации со цел поагресивен излез на светските пазари. Таквиите модалитети на здружување придонесоа формирање на мултинационални компании кои се текот на времето ќе станат движечка сила во доменот на светските вложувања.

Движењето на капиталот се засилува во 19 век а уште повеќе по втората светска војна, за во 80 години од 20 век да стане централна локомотива на светската економија.

Главни носители на странските директни инвестиции се транснационалните компании (ТНК) кои се сложени организации со огромна економска, техничка-технолошка и финансиска моќ.

Водечка светска земја по 80-тите години во странско инвестирање е САД која преку ТНК стана најголем примач на вакови вид на инвестирање, од друга страна земјите од западна Европа станаа извозници на странски директни инвестиции. Додека на далечниот исток, Јапонија во 1986-1987 го завзема централното место на одлив на странски директни инвестиции.

Друга значајна промена во светската економија во 80 –тите години од минатиот век всушност преставува интернационализација на финансиските пазари при што се мултиплицираат врските меѓу институциите и пазарите.

Трета значајна промена во светската економија е растечкото значење на секторот на услугите поврзани со трговијата, сметководството, рекламирањето и транспортот.

Пресврт во светското инвестирање преставува воведувањето на новите технологии, а со тоа корпорациите и државите ја користат технологијата како инструмент на глобална конкуренција. Главни пробиви се извршија во електрониката, телематиката односно во областа на информатичките технологии, биотехнологијата, генетскиот инженеринг, новите материјали и обновливи енергии.

...

 

-------------------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------

    www.maturski.org

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:

[email protected]

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!